Боите на розите и нивното значење
21.03.2014 14:26
Розите се едно од најчесто подаруваните цвеќиња, а ги има во најразлични бои. Еве го значењето на секоја боја:
Црвени: Љубов и романса
Црвената роза претставува најуниверзалниот симбол на вистинската љубов. Низ историјата, црвените рози се појавуваат во културите како политички, но и религиозни симболи.
Жолта: Пријателство, радост, оздравување
Розите се едно од најчесто подаруваните цвеќиња, а ги има во најразлични бои. Еве го значењето на секоја боја:
Црвени: Љубов и романса
Црвената роза претставува најуниверзалниот симбол на вистинската љубов. Низ историјата, црвените рози се појавуваат во културите како политички, но и религиозни симболи.
Жолта: Пријателство, радост, оздравување
Низ годините, жолтата боја се поврзувала со сонцето, па за жолтите рози се сметало дека се одличен начин за расположување на луѓето. Тие испраќаат порака за почитување и платонска љубов, не носејќи ги во себе романтичните нишки на розите во друга боја. Жолтата боја претставува радост и задоволство.
Розева: Љубов, благодарност, почит
Розевата боја се поврзува со грациозност, елегантност, слаткост и поетична романтика. Темно розевите рози симболизираат благодарност и почит и со нив луѓето се заблагодаруваат за нешто. Светло розевите рози се поврзуваат со нежност и восхитување, а се подаруваат со цел да се искаже наклоност и симпатија кон некого.
Бела: Невиност, искреност, симпатија
Во минатото, белите рози означувале вистинска љубов и биле она што за нас денес се црвените рози. Белите рози се познати и како невестински рози и се традиционални свадбени цвеќиња. Тие се поврзуваат со чесност и восхит и со чистотата на новата љубов.
Портокалова: Копнеж, ентузијазам и страст
Како мешавина од жолтите и црвените, портокаловите рози се некаде помеѓу пријателството кое се изразува со жолтите и љубовта која ја симболизираат црвените рози. Со портокаловите рози се изразува фасцинираност, едноставно и кажувате на личноста дека се гордеете со неа.
Виолетова: Атрактивност, величенственост, љубов на прв поглед
Виолетовата боја се поврзува со кралските семејства. Според тоа, виолетовите рози означуваат дека оној кој ги подарува ве доживува на посебен начин, ве издигнува на пиедестал и ве смета за брилијантна личност.