Педесетина мигранти сместени во прифатниот центар Винојуг во Гевгелија

02.05.2021 14:15

Ниту пандемијата со Ковид -19 не ги сопре илегалните премини во земјава. Статистиката на МВР покажува дека токму во првиот квартал од 2020 година имало 7.410 спречени обиди за илегални преминувања...

Македонската територија и оваа пролет останува да биде прва од балканската бегалска рута, која иако официјално затворена, не престана да се користи од бегалците од Блискиот Исток и Африка. Педесетина мигранти и бегалци се сместени во прифатниот центар Винојуг во Гевгелија, а само последната седмица околу 30- тина мигранти се откриени на Коридорот 10.

На последната посета на Делегација на француската амбасада, предводена од полициското аташе, Стефан Ропер на ТПЦ „Винојуг“, истакна дека истиот  располага со сѐ што е неопходно за прифаќање мигранти од евентуален нов бегалски бран и дека ги нуди сите услови за времено прифаќање и сместување на мигранти.

Ниту пандемијата со Ковид -19 не ги сопре илегалните премини во земјава. Статистиката на МВР покажува дека токму во првиот квартал од 2020 година имало 7.410 спречени обиди за илегални преминувања, додека пак годинава за истиот период бројот е 4.473, што е пак повеќе за разлика од 2019- тата кога бројот на спречените обиди бил само 3.977.

Во последната полициска акција, пронајдени беа 21 мигрант при проверка на возило со скопски регистарски ознаки на автопатот А1, делница Градско – наплатна рампа „Отовица“, кое го управувало албански државјанин.

Стојне Митева