Православните христијани слават втор ден Велигден
Денеска е Светол понеделник- ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето...

Православните христијани го празнуваат вториот ден од најголемиот празник, Велигден. Христовото Воскресение- Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Денеска е Светол понеделник- ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.
Христовото воскресение беше дочекано во сите храмови низ земјава. Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан побара да не се заборават болните. Во централниот македонски храм, верниците се поклонуваа пред иконата на синот божји. Здравје, љубов и единство се нивните пораки.
Но, црквата исто така уште еднаш предупреди да не се чепка во идентитетот. Внимавајте на децата, тие ни се иднината, укажаа на литургијатa во храмот „Свети Климент Охридски“.
