Германија очекува брзо разрешување на билатералните прашања со Бугарија
Германија очекува брзо разрешување на билатералните прашања со соседна Бугарија, за да може што побрзо Северна Македонија и Албанија во пакет да почнат преговори со ЕУ. Министерот Османи ја почна новата европска турнеја со посета на Берлин, од утре во Копенхаген и Стокхолм...

Ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите и очекуваме на јунскиот Европски совет, Брисел конечно да ја формализира одлуката од март лани за отворање на поглавјата со Северна Македонија и Албанија, изјави шефот на дипломатијата Османи по средбата со својот германски домаќин во Берлин.
Нагласи дека земјава веќе има добиено 11 препораки за почеток на преговори од Европската комисија и понатаму работи на приближување кон европската законодавство, исполнување на реформите, борбата корупцијата и криминалот. Продолжуваат и обидите за добрососедски осноси, особено со Бугарија.
Германија останува силен поддржувач на евроинтеграците на земјава. Берлин очекува брзо разрешување на билатералните прашања со соседна Бугарија, за да може што побрзо Северна Македонија и Албанија во пакет да почнат преговори со ЕУ. Шефот на германската дипломатија сепак е категоричен дека Германија не треба да се меша во работата на мешовитата историска комисија.
Двајцата министери за надворешни констатирале дека по 28 години од воспоставувањето на дипломатските односи, Германија и Северна Македонија имаат одлични билатерални односи и соработка на политички и економски план. По членството во НАТО, станавме и сојузници, а од наша страна било иницирано наскоро да станеме и стратегиски партнери.
Ирина Гелевска
