Технологија

Гугл заштедил милијарда долари поради работењето од дома

04.05.2021 12:08

Гугл е познат по бенефитите и конфорот што им ги нуди на вработените, како на пример, корпоративни луксузни годишни одмори и многу специјални услови во работните простории, како масажи, нега и убавина, ресторани, градинки, базени и разни други секојдневни услуги и комодитет...

Пандемијата му донесе на Гугл милијарда долари заработка. Вработените работат од дома и не трошат на патувања, кои беа вообичаени. Се зголеми и дигиталниот рекламен бизнис на компанијата бидејќи речиси се оди преку интернет, од резервации за патувања и на хотели по олабавување на мерките, па до разни инвенти.

Конгломератот „ Алфабет“ кој е сопственик на Гугл соопшти дека во првиот квартал од годинава заштеди 268 милиони долари, зашто нема толку патувања, промоции, забави, во споредба со истиот период лани. Тоа е пресметката за заштеда од милијарда долари на годишно ниво.

Заштедата е добра компензација за трошоците направени за неколку илјади нови вработувања.

Гугл е познат по бенефитите и конфорот што им ги нуди на вработените, како на пример, корпоративни луксузни годишни одмори, и многу специјални услови во работните простории, како масажи, нега и убавина, ресторани, градинки, базени и разни други секојдневни услуги и комодитет. Сепак, иако сега поголемиот број работници работат од дома, Гугл планира да ги враќа во работните простории до крајот на годинава, создаваќји хибриден модел, а има најава за зголемување на просторот по работник. Извршниот директор на Гугл, Рут Порат изјави дека ќе продолжат инвестициите во недвижнини низ цел свет.