Безвременскиот „Загор“ на македонски јазик

21.03.2014 15:13

Стрип – центарот на Македонија во соработка со издавачката куќа „М-КОМИКС“ од овој месец започна со печатење и дистрибуција на познатиот стрип „Загор“. Стрипот ќе излегува на секои 15 дена...

Се сеќавате ли на јунакот од Дарквуд кој сакаше да ги смири Индијанците и Белците? Се бореше против неправда и беше омилен лик во 70-те години од минатиот век.

Стрип – центарот на Македонија во соработка со издавачката куќа „М-КОМИКС“ од овој месец започна со печатење и дистрибуција на познатиот стрип „Загор“.  Стрипот ќе излегува на секои 15 дена.

Со авторско право на издавачката куќа „БОНЕЛИ“ се задржува оригиналното лого на предната пластифицирана корица, додека текстот го задржува македонскиот јазик и писмо.

Од „М-КОМИКС“ најавија дека во изработка се уште неколку бестселери како „Дилан Дог“ и „Магичен ветер“, предвидени како двомесечни изданија.

„Загор“ на македонски јазик, oд 17-ти март  се продава  во овластената книжарница за стрипови „БУНКЕР“ во Скопје.

 

Ива Урдаревиќ