Згри

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме дозвола за зголемување на групите

05.05.2021 12:01

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, во моментов е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца.

Бројот на заболени деца од Ковид- 19 во градинките е минимален и не бележи тенденција на раст. Сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот, велат од Министерството за труд и социјална политика и нагласуваат дека доставен е допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој се предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На средбата се разговараше за состојбата за упис на децата во градинките, како и за потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките.

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, во моментов е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца.

Доколку биде прифатен нашиот предлог, образложи министерката, дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители.