Дипломатија

Османи во Стокхолм на средба со шведската министерка за надворешни Линде

05.05.2021 12:04

Покрај билатералата, централни теми на средбата и обезбедување поддршка, со јасна цел, имплементација на одлуката за почеток на преговорите од Европскиот совет од март минатата година...

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја продолжува европска турнеја. По Берлин, и Копенхаген, денеска е во Стокхолм за актуелизација на европското досие на земјава.

Во шведската метропола ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи Ан Линде. Покрај билатералата, централни теми на средбата и обезбедување поддршка, со јасна цел,  имплементација на одлуката за почеток на преговорите од Европскиот совет од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција.