Подзаборавената билка крмус- отров или лек

07.05.2021 13:24

Крмусот или познат уште како винобојка, е одамна позната билка, но се сметала за отров и коров. Сепак старите ја знаеле лековитата моќ на ова растение кое го има речиси насекаде.

Крмусот потекнува од Северна Америка, а во Европа е донесен во 18 век, најпрво во Франција како украсна билка, а оттаму се раширила и денес расте како самоникната билка на необработени земјишта, во дворови, покрај патишта, шуми…

Крмусот (Phytolacca americana ),  е повеќегодишна зелјеста билка од истоимената фамилија. Може да нарасне и до 3 метри височина, развивајќи разгрането и исправено стебло. Цветовите се мали, собрани во гроздови. Цвета во мај и јуни. Плодовите се сјајни, темноцрвени до црни, тркалезни бобинки со пречник до 1 см, дозреваат во лето (јули-август). Листовите се едноставни, крупни, долги 15-30 см, јајцево-елипсовидни, мазни, заострени, со  кратки дршки.

Може да се користат само младите изданоци кога се високи најмногу до 30 см и младите листови кои се берат рано напролет. Богати се со витаминот Ц (150-230 мг%), но се јадат после готвење и тоа пожелно е  водата да се промени двапати или да се конзервираат во оцет. Младите листови содржат и  каротин. Корењата и плодовите се отровни во сиров облик и не смеат да се консумираат во поголема количина. Најмногу од се се користат плодовите, бобинките кои мора да бидат зрели. Се користат внимателно во мали количества, затоа што може да бидат и отровни.

Коренот одамна се користел за лекување на разни болести, а се бере во есен, откако целосно ќе созреат плодовите. Се чисти од земјата, се сечка на ленти и се суши на топло место. За лековита тинктура се зема 200 гр, свеж корен со жоленикава боја, во 1л 70%медицински алкохол, отстоен  30 дена , со секојдневно протресување. Потоа се процедува. Се употребува: трипати дневно по 5-10 капки со малку вода или топол чај. Тинктурата може да се користи и како облога за болки во зглобови и мускули како и за разни други болки.

Сувите бобинки придонесуваат за нормализација на работата на цревата и намалување на вишокот килограми. Добро е да се јадат по неколку бобинки наутро и навечер (1-2 до 3).

Свежиот сок се добива со плодовите со цедење или пресување. А листовите се берат пред цветање и се сушат на топло. Може да се јадат сварени како спанаќ.

Најчесто се користи плодот за циркулација на крвта, нормализација на цревата и регулирање на телесната тежина. Се користи и за лекување на  болести на крвта, на кожата, на црниот  дроб, за чиреви, егзема, псоријаза, габични инфекции, хемороиди, херпес, карцином, инфекции, за желудник, бели дробови, ревматски проблеми, женски болести, сифилис, чистење на крвта. Ина неколку начини на приготвување на лековити препарати, со ферменација, како тинктура со медицински алкохол или ракија,или термички обработен, но сето тоа во строго регулирани контролирани дози. Ако се зема свеж се користат само 3 зрели зрнца и се пијат со чаша вода.  Во 1 л ракија се ставаат 60 зрели  зрнца во стаклено шише или тегла, да стојат 21 ден на сонце , секој ден се протресува садот, а потоа се користи по една мала чашка( 30 мл) наутро.

Соња Стојановска