СТРУМИЦА

Производителите на ран зеленчук својот род го фрлаат бидејќи нема откуп

08.05.2021 09:10

Првите производители на ран зеленчук од струмичко Банско, својот род почнаа да го фрлаат оти откуп нема. По цел ден чекаат на влезот од селото некој да купи вреќа пиперки која чини само по 100 денари …

Жителите од струмичкото Банско, се најголемите производители на раноградинарски култури, а со природната топла вода низ пластениците го вадат првото производство на домат и пиперка во земјава, ама очигледно нема каде да го продадат. На влезот од селото од двете страни на патот, стоката натоварена во автомобилите им се импровизирани тезги, ама цената годинава рекордно ниска.

Велат дека само што започнале да го вадат производството, наместо на пазар тие биле принудени да го фрлаат оти интерес за откуп нема.

Од земјоделските синдикати апелираат дека ниските откупни цени ги колебаат и така се помалиот број фармери да се занимаваат со аграр. Познавачите на состојбите велат дека од година во година струмичкото поле останува со празни ниви, што пак негативно влијае како врз економијата, така и врз локалниот економски развој.

 

Стојне Митева