МВР
21 прекршување на забраната за движење, 372 санкции за неносење маска
08.05.2021 11:08
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19...

Од 23.00 часот (07.05.2021) до 05.00 часот (08.05.2021) констатирано е дека 21 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (04/05.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 372 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
|
|
