Битола го има единствениот овластен центар на балканот на „И ЕС БИ“ мрежата
Битола го има единствениот овластен центар на балканот на „И ЕС БИ“ мрежата на обединетото кралство за меѓународни сертификати по англиски јазик …

Веќе втора година битолски центар за англиски јазик е единствениот овластен претставник на „И ЕС БИ“ мрежата на Обединетото Кралство за добивање на меѓународни сертификати за беспрекорно владеење на англискиот јазик. Тежината на овие сертификати е во тоа што немаат трајна вредност и се алатка која е посебна вредна на домашниот странскиот пазар на трудот и евентуалното дошколување во странство.
Многумина можат да речат дека имаат познавање од англискиот јазик но само оние кои тоа го докажуваат преку стекнат престижен меѓународен сертификат можат да кажат дека и официјално одлично го говорат, пишуваат, читаат јазикот што најповеќе се употребува во деловниот свет. Никола Наумовски е еден од десетината кој може да се пофали дека го стекнал „И ЕС БИ“ сертификатот преку битолски центар за англиски јазик кој веќе втора година е единствен застапник на балканот на оваа мрежа.
Од битолското овластено претставништво велат дека бројката на мал број сертификати се должи на пандемијата но и строгите критериуми кој мора да се почитуваат за да се добие документот кој отвора многу меѓународни врати.
Беспрекорно владеење на англискиот јазик од поодамна станува водечки тренд и на домашниот пазар на трудот вели Милевска.
Од претходната сесија веќе е воведен и дигитален сертификат со безбедносен код. Стекнатата доверба им овозможи деновиве да го добијат и договорот за отворање на овластено претставништво и во соседна Србија. Милевска вели дека за воведување на оваа програма има интерес и од домашните приватни високонаучни институции а во перспектива добредојдени би биле тренинг центри и во средните училишта.
Стевче Митревски
