АЛПИНИСТИЧКА ОПРЕМА

Армијата со нова алпинистичка опрема, за спасување на повредени во несреќи

08.05.2021 20:19

Министерката Шекеринска ја промовираше ново набавената алпинистичка опрема за специјалните сили на АРМ, одржана и показна вежба во клисурата Демир Капија, за спасување на повредени лица …

Со ново набавената алпинистичка опрема, припадниците на баталјонот на специјалните сили – Волците и хеликоптер од Вингот на Армијата, изведоа показна вежба за спасување на повредени лица во клисурата на река Вардар кај Демир Капија. Со оваа инвестиција, освен што Армијата ги достигнува НАТО стандардите, се создаваат и тимови кои се подготвени да помогнат секаде и секому.

По мошне тешки временски услови с, со силен ветер, на четири локации, во тешко пристапен терен, се покажа умешноста и знаењето на припадниците на македонската Армија. Новата опрема нема да биде користена само за нејзините потреби, туку и во случаи на критични состојби и несреќи на цивилното население.

Вредноста на инвестицијата е 15 милиони денари, средства од Буџетот на Министерството за одбрана

 

Петар Печков