Димитров: Европа да го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме преговорите
Европа да го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство, нашиот пример е тест дали да ѝ се верува на Европската унија, вели вицепремиерот Димитров. На Денот на Европа, и евроамбасадорот Гир со порака, време е да се оди напред, да се направи напредок...

Македонската приказна е тест дали на Европската унија може да ѝ верува, одлуката ќе има влијание врз целиот Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Денот на Европа. Тој ја повик Унијата да си го оддржи зборот.
„Многу време е поминато и има голем проблем со довербата во европската перспектива во регионот, затоа е потребна промена на динамиката“, посочи Димитров, кој ги коментираше и најавите дека Албанија може да ги почне преговорите пред земјава доколку нема договор со Бугарија, а се осврна и на проблемот со нашиот источен сосед.
Евроамбасадорот Гир истакна дека позицијата на Европската комисија е кристално јасна. Брисел посакува почеток на преговорите со Скопје и Тирана што е можно побрзо, и работи на одржување на меѓувладините конференцијата, но вели, до тој момент сѐ уште не се дојдени.
Според евроамбасадорот, време е да се оди напред. Тој ги охрабри Скопје и Софија да најдат прифатливо решение.
Марија Котовска
