Заев за „Катимерини“: Неприфатлива е било каква интервенција во македонскиот идентитет
Посочува, покрај позитивните извештаи од Европската комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги почна преговорите со ЕУ.
За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива, во интервју за грчки „Катимерини“ вели премиерот Заев.
Посочува, покрај позитивните извештаи од Европската комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги почна преговорите со ЕУ.
За односите со поранешниот и со актуелниот премиер на Грција, Заев вели оти добиле уверување дека јужниот сосед останува силен медијатор и поддржувач на нашата држава во претстојниот преговарачки процес.
