Здравство

Се намалува бројот на заразени со Ковид-19 во Велес

09.05.2021 14:02

Само педесетина пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19 од велешко се хоспитализирани во велешката болница, наспроти 150 од пред еден месец. Поради тоа, едниот од четирите ковид- центри во болницата, физикалното одделение, е ставено во мирување...

Физикалното одделение од велешката болница, кое беше ковид центар, времено е ставено во мирување. Ова доаѓа откако во велешко драстично се намали бројот на лица кои се хоспитализирани во оваа здравствена институција. Тоа имаше капацитет од 24 кревети. Започна со работа на 8-ми април, а претходно истиот оддел работеше и во периодот ноември- декември лани.

Позитивните случаи со коронавирусот се примаат во инфективното одделение и модуларната болница, кои имаат вкупно 101 кревет, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми, се на интерно одделение. Намалениот број на пациенти, драстично ја намали и потребата за боци со кислород.

Во првите четири месеци од годинава, 66 лица од велешко почнаа поради последиците од ковид заразата.

 

Петар Печков