Стручно образование

Царовска: Со нови дуални паралелки ќе се обезбеди бараниот кадар

10.05.2021 15:36

Со нови дуални паралелки ќе се обезбеди бараниот кадар од машинската, елекротехничката и хемиско- технолошката струка. Интерес има, вели министерката Царовска. Учениците ќе добиваат по 3.500 денари месечно...

Министерката за образование Мила Царовска, не гледа причина за нова средба со иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“. Тие викендов објавија дека чекаат покана од Министерството за образование, за нова средба, за денес, по таа од четвртокот. Ако не се случи средбата, најавија дека утре ќе ги објават новите чекори. Министерката Царовска смета дека целите на групата се остварени.

Царовска денес престојуваше во Велес, во посета на две училишта каде во неколку паралелки се или ќе се одвива дуално образование. Во средното училиште „Коле Неделковски“ две генерации ученици веќе посетуваат настава со дуално образование, кои праксата ја изведуваат во компаниите „Маркарт“ и „Брако“.

Во ова средно училиште настава посетуваат 50-тина ученици во прва и втора година, а од есен ќе има дополнителни уште два паралелки, во дуалното образование.

Министерткара кажа дека околу две илјади ученици од земјава, од есен ќе добиваат стипендии од 3.500 денари, од државата, ако учат или се запишат во овие паралелки.

Петар Печков