Просо-потценетата житарка богата со нутриенти и лековити својства

10.05.2021 16:26

Кога ќе се спомне просото, најчесто помислуваме на храна за папагали, но се повеќе луѓе пројавуваат интерес, да се врати во исхраната,како штп било застапено кај нашите претци. Верувале или не кај старите народи просото се користело дури и повеќе од пченката.

Некогаш, освен како храна и лек, го користеле и за други цели. Според народните верувања се сметало дека малото зрно е добро во борбата против злите сили. Се вградувало дури и во темелите за да ги чува куќите или тврдините. Просото го користеле и младите девојки, сметајќи дека ако посеат просо околу куќата, ќе имаат повеќе обожаватели и понуди за брак.

 Но, да се вратиме на неговата примарна улога-храна и лек. Просото е житарка богата со минерали, пред се со фосфор и магнезиум, но и со комплекс витамини Б. Се смета дека потекнува од сувите предели на Африка и Азија. Некогаш, пред да постане храна за птиците и за стоката, се користело за правење бесквасни лебови. Старите Кинези го сметале за една од петте свети билки, покрај сојата, оризот, пченицата и јачменот.

Лесно се одгледува, не бара посебни вложувања, па затоа има и пристојна цена и ред е да го вратиме на нашите трпези. Од килограм просо може да се направат многу јадења и лековити напивки. Има неколку видови, обично просо, мухар просо, бар просо и светло семе. Иако е богато со многу растителни протеини, полно е и со скроб, ама без глутен, што е една од неговите позитивни страни. Поради големо количество салицилна киселина, просото се смета и за многу корисен козметички препарат, добро делува за цврстина на ноктите, кожата, косата, и сјајни заби.

Просото пред употреба треба да се потопи во вода, најдобро преку ноќ, за да се неутрализира фитинската киселина.Освен во зрна просото може да се кориски мелено како гриз и брашно, Се користи за правење проја, мафини, како додаток на интегралните брашна за леб, богати со нутритиенти корисни за здравјето, без глутен кој е познат по штетното дејство за организмот, особено за работата на системот за варење. Се смета дека просото е здраво за срце, за добра работа на бубрезите и топење на камења во бубрезите, за регулирање на дијабетесот, за превенција и погател за тремани против канцер.

Просото е вид на намирница која може да се користи во солени јадења, но и во десерти. Во зависност од тоа како се спрема, може да биде меко, но и крцкаво. Содржи карбохидрати па е затоа добар избор на храна за дијабетичари. Некои видови просо се идеални и за држење диета затоа што се богати со влакна. Оваа житарка ја намалува и можност за астматични напади и ја намалува појавата на мигрени.

Просото се вари со вода во сооднос 1:3, може да се користи како додаток на салати, наместо тестенини во супи, за чорби, да се користи како и оризот, како дополнување со други намирници, на пример полнети пиперки, заедно со спанаќ, со тиква, со јајца, моркови, и тн.

Просото е една од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, особено за камен или песок во бубрезите. Во народната медицина се користи како природен лек за лечење на уролитијаза ( создавање на камења во уриналниот тракт). Ефикасното ги чисти бубрезите, го елиминира песокот, го отстранува ситниот камен од бубрезите и бешиката, како и лечи циститис. Може да се користи во облик на напиток или во облик на каша. Еве еден едноставен рецепт за топење на камења во бубрезите.

Ставете 200 г просо во поголема тегла (3 литри) и во неа ставете зовриена вода до 2/3 од теглата. Оставете ја да стои во текот на ноќта, а утрото ќе се создаде белузлава течност која треба да се пие по една чаша на ден во текот на 2-3 недели. Според народната медицина тоа е еден од најдобрите начини за чистење на бубрезите, Но, луѓето со висок шеќер и проблеми со тироидната жлезда, мора внимателно да го користат, во ограничени количества и периодично.

Соња Стојановска