Пандемија

Македонци во Израел: Успешна приказна во борбата со Ковид-19

10.05.2021 17:21

Македонците во Израел уживаат во опуштањето на мерките од Ковид 19. Речиси е прогласен крајот на пандемијата по масовната вакцинација, но и по строгото почитување на сите протоколи. Плажите се отворени...

Звуците на македонската мелодија, овојпат среде Израел, во Ерусалим. А тука се живее со полн здив... Младо и старо веќе нормално функционира. Корона вирусот, се чини е минато, откако 80 проценти од населението се вакцинираше. Освен тоа, ваквиот позитивиен исход се должи и на дисциплината на жителите, вели за МТВ нашата соговорничка, еминентниот доктор на науки, Рахела Леви Драмер, која ги одржува силните врски со татковината како единствен потомок на семејствата Леви и Абраванел. Таа е претседател на Фондацијата за наследство на еврејската заедница во Битола од 2017 година.

Голема раздвиженост на пазарот во Ерусалим. Се комуницира нормално. Оние кои посакуваат одмор од пазарењето, тоа го прават во баровите. Кафетериите се преполни. Луѓето се едноставно безгрижни.

На плажите на Тел Авив тече туристичката сезона. Преубавата „Бограшов“ врие од туристи. Викторија Саркисјан, родена скопјанка со еврејско потекло која до 2019-та работела во Музејот на холокаустот, а потоа заминала во својата родина, ни раскажа...

Вистинско лето за оние кои уживаат, но има и такви кои се на работа, како нашиот сонародник, Љупчо Тасевски.

Израел е само на чекор да стане првата безбедна земја и за своите жители и за туристите. Поради солидната масовна имунизација и послушноста на граѓаните, Израел ја пишува својата успешна приказна во борбата со вирусот. Земјата која од туризам заработувала годишно по 6-7 милијарди евра, повторно ќе биде достапна дестинација за организирани групи од 23-ти мај, а за оние кои сами ќе сакаат да ја посетат, од јули месец годинава.

И да, не изостанува ниту искрениот поздрав до сите нас од светиот град на трите религии...

 

Фиљана Кока