Заев за „Еуроњуз“: Не е можно раздвојување на Северна Македонија и Албанија
„Еуроњуз“, пренесувајќи ја изјавата на премерот Заев потсетува дека Бугарија бара Северна Македонија, која е потенцијален кандидат за членство во ЕУ од 2003 година, да го признае бугарското потекло на македонскиот јазик и нација.
Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев за „Еуроњуз“.
Брисел ги разгледуваше двете кандидатури паралелно, но минатата недела европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји за „Еуроњуз“ изјави дека раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија „може да биде опција“ доколку Бугарија продолжи да се спротиставува на влезот на Северна Македонија во Унијата.
„Еуроњуз“, пренесувајќи ја изјавата на премерот Заев потсетува дека Бугарија бара Северна Македонија, која е потенцијален кандидат за членство во ЕУ од 2003 година, да го признае бугарското потекло на македонскиот јазик и нација.
Нашиот идентитет – македонски јазик, македонски идентитет е нешто свето за нас, како и за секоја (друга) земја, потенцира Заев во изјавата дадена денеска претпладне по неговата средба со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во Брисел.
Не може да се преговара за нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет, вели премиерот.
Во изјавата за „Еуроњуз“, Заев нагласува дека Северна Македонија „заслужува” да го направи следниот чекор од процесот на членство- меѓувладината конференција.
Очекуваме ЕУ како целина, сите 27 земји-членки, Европската комисија, да бидат во согласност со она што ни го ветија. Тоа беше: вие испорачајте, ние ќе испорачаме. Ние испорачавме и повеќе од тоа. И ние очекуваме Европската унија да испорача, рече Заев.
Ние, додава тој, сме отворени да разговараме за кое било прашање за кое може да се преговара.
