Средба на лидерите на Западен Балкан со Борел идната недела во Брисел
10.05.2021 19:03
Иако Борел не даде точен датум, според дипломатите се очекува вечерата да се одржи на 18-ти мај во Брисел.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, потврди дека идната недела се поканети на вечера шесте лидери на земјите од западен Балкан за да се разговара со нив за стратегијата на ЕУ во регионот, јавува МИА.
Иако Борел не даде точен датум, според дипломатите се очекува вечерата да се одржи на 18-ти мај во Брисел.
Целта на високиот претставник е да ги собере шесте лидери од регионот за да ги слушне нивните мислења за тоа како ЕУ да биде поангажирана и поприсутна во регионот.
Оваа дискусија денеска веќе се одржа со земјите членки на Европската Унија.
