Мадрид

Заев- Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Македонија и Шпанија

12.05.2021 18:08

Двајцата премиери се согласиле дека средбата е важна и поради евроинтеграциските процеси на Македонија, имајќи ја в предвид силната поддршка од Шпанија за старт на преговорите со Унијата.

Историска средба и важна страница за натамошен развој на односите меѓу двете пријателски земји. Вака се оценува денешната прва средба на македонски премиер Зоран Заев и шпанскиот колега Педро Санчез.

Двајцата премиери се согласиле дека средбата е важна и поради евроинтеграциските процеси на Македонија, имајќи ја в предвид силната поддршка од Шпанија за старт на преговорите со Унијата.

Санчез посочил дека Шпанија се запалага Македонија и Албанија да ги почнат преговорите истовремено, а високо ги оценил реформите што се спроведуваат во земјава.