Средба Мицкоски- Сијарто, нагласена потребата од старт на преговори со ЕУ
Како што соопштија од партијата, Мицкоски изразил голема благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на Македонија во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава на нашите евроинтеграции.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто, кој е во посета на земјава.
Како што соопштија од партијата, Мицкоски изразил голема благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на Македонија во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава на нашите евроинтеграции.
Афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговорите на Република Македонија и Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија и истото ќе значи реални реформи со помош на нашите европски партнери.
Македонија е држава која има потенцијал и која не заслужува да биде рангирана со земји од третиот свет по корупција, сиромаштија и справување со ковид- кризата само поради лошото владеење на оваа власт, туку напротив со стартување на преговорите и промена на актуелната владејачка гарнитура ќе биде за брзо време компететивна на многу полиња и реформи со други европски земји- стои во партиското соопштение.
