Спротивни ставови за предлог- измените на Законот за урбанистичко планирање
Предлог- измените во Законот за урбанистичко планирање ги скараа власта и опозицијата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека законското решение се носи по скратена постапка без никакво образложение и се злоупотребува европското знаменце. Министерот за транспорт вели не прифаќа блокада на законот. Според Бочварски, власта е отворена за дебата и прифатени се забелешките од невладините...

Министерот Бочварски нема да прифати блокада на Законот за урбанистичко планирање. Појасни дека измените предвидуваат изборот на планерска куќа која изработува детални урбанистички планови да се врши преку тарифник, кој како што тврди, ќе ги штител архитектите, урбанистите и фелата. Според Бочварски, власта не бега од дебата и ги повика пратениците да дадат поддршка за измените.
Овој закон е контраверзен и оди во корист на урбаната мафија, обвинија од Левица. Со 1.230 амандмани го блокираа неговото носење.
И ВМРО- ДПМНЕ и ДОМ, се изјаснија дека законот не треба да се донесе по скратена постапка. Побараа поширока дебата во која ќе учествува експертската јавност и невладините организации.
Законот за урбанистичко планирање беше донесен пред повеќе од една година. На неговото изготвување работеа групи од власта и опозицијата.
Викторија Милевска
