ЕСМ најавува големи инвестиции во следните години
Од најавените околу осум милјарди евра владини инвестиции за периодот 2021-2027 година, нешто над три милијарди евра се планирани во секторот енергетика. Дел од тие проекти АД ЕСМ ќе ги реализира самостојна, а дел со јавно- приватно партнерство. Десет проценти од прдвиденото ќе биде насочено кон енергетската трансформација на РЕК Битола.

Нешто над три милијарди евра од планираните околу осум милјарди евра владини инвестиции за следниот шестгодишен период ќе бидат насочени во енергетиката. Оваа инвестициска политика се темели на два столба. Зачувување на енергетската стабилност, еколошката средина и здравјето на граѓаните, велат од АД ЕСМ. Над десет проценти од средствата ќе бидат инвестирани во РЕК Битола во изградба на гасна електрана, неколку фотоволтаични електрани и проектот топлификација на Битола. Воведот во предвидената енергетска трансформација на комбинатот и етапното затворање на блоковите започнува со инвестицијата вредна 200 милиони евра по завршувањето на следнава грејна сезона.
Во рамките на зеленото сценарио планирано е да се градат и две фотоволтаични централи од 10 и една од 40 мегавати во целосна сопственост на државата. По принципот на Јавно- приватно партнерство предвидени се и две фотонапонски централи од по 50 мегавати.
Од ЕСМ велат дека пред избор на изведувач е инвестицијата вредна 35 милиони евра за изградба на топлинската мрежа за Пелагонискиот регион. Напоменуваат дека напоредно со енергетската ќе се работи и на социјалната трансформација на вработените.
Стевче Митревски
