Филипче: Полицискиот час и мерките да важат до 15-ти јуни

07.06.2021 11:15

Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територија на цела држава...

Министерот за здравство Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, денеска на Главниот кризен штаб предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15-ти јуни, на територија на цела држава, соопштуваат од Министерството за здравство.

Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.

Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територија на цела држава. На Инфективната клиника за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии.

Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.