Индиски сој на Ковид-19 детектиран кај пациент во земјава
Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.

Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница е детектирано присуство на Индиски сој на вирусот Сарс-Ков2, соопштуваат денеска од Министерството за здравство.
Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.
Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, соопштуваат од Министерството за здравсто.
