Здравство

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани двајца пациенти

07.06.2021 11:25

Вкупно 51 пациент потврден и сомнителн за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 2 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември  имало еден примен  пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент. Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 17 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.

Вкупно 51 пациент потврден и сомнителн за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.