Зошто треба да јадете краставица?

07.06.2021 12:16

Краставицата се состои од 95% вода, па затоа се одлични за хидратација, особено во текот на летото. Не само пто содржи голема количина на вода туку и содржи хранливи состојки како што се магнезиум и калиум.

Овој зеленчук има многу малку калории, но содржи многу нутритивни вредности. За што сè е добро да јадете краставица?

Хидратација

Краставицата се состои од 95% вода, па затоа се одлични за хидратација, особено во текот на летото. Не само пто содржи голема количина на вода туку и содржи хранливи состојки како што се магнезиум и калиум.

Кожа

Краставиците ја намалуваат иритацијата, отекувањето, воспаленијата на кожата. Најдобро е да ги користите во областа на очите откако ќе станете од спиење.

Здравје на коските

Витаминот К е важен за здравјето на коските, а една краставица содржи околу 19% од препорачаниот дневен внес на витаминот К.

Ги отстрануваат токсините

Сета вода во краставицата дејствува како виртуелна метла која ги изметува штетните остатоци во организмот.

Познат факт е дека краставицата содржи секолсоларициресинол, ларициресинол и пиноресинол. Трите состојки се поврзани со намалениот ризик на развој на различни видови рак, вклучувајќи рак на јајчниците, дојката, простата и матката.