Образование

Онлајн наставата поквалитетна и поорганизирана од лани

07.06.2021 14:31

Онлајн наставата има голем напредок во однос на лани, покажале истражувањата на „Реактор“ и УНИЦЕФ. Родителите задоволни од начинот на спроведување на наставата. Дали учениците ќе седнат во училишните клупи ќе зависи од епидемиолошката сотојба- велат надлежните.

Онлајн наставата била поквалитетна и поорганизирана од лани, оцениле 80 проценти од родителите опфатени во истражувањето на „Реактор“ и УНИЦЕФ. Наставниците добија највисока оценка за начинот на којшто го спроведуваат учењето од дома и им даваат поддршка и мотив на учениците. Но, и покрај подобрувањето, остануваат предизвиците за наставниот кадар. 63 насто не можеле да остварат контакт со своите ученици, а резултатот се пропуштени лекции и празнина во знаењето. Родителите и учениците едногласни - нема замена за наставата со физичко присуство.

Министерката Царовска информираше дека за отворање на училиштата чекаат амин од Комисијата за заразни болести. Од Бирото за развој на образованието најавуваат темелна анализа на работата на училиштата, ќе продолжи и обуката на наставниот кадар.

До крајот на учебната година ќе бидат исплатени работните часови за наставниците кои работеле двојно.

Истражувањето на „Реактор“ и УНИЦЕФ било спроведено од мај до декември 2020- та година. Учествувале безмелаку 15.000 испитаници, меѓу нив директори, наставници, родители и ученици.

Викторија Милевска