Во Струга 10 години не е урната ниту една дивоградба
Во Струга цела деценија не е урната ниту една дивоградба. Не се почитувале законите, се легализирале дивоградби без комплетна документација . Ова го покажа последниот извештај на Државната ревизија. Градоначалникот Мерко вели- општината е отворена и транспарента и ќе постапи по препораките на ревизорите...

Изминатава деценија во Струга не е урната ниту една дивоградба. Се легализирале објекти без комплетна документација, со што се создале услови за нови нелегални градби, а не се почитуваале законските рокови. Ова го покажа последниот ревизорски извештај.
Градоначалникот на Струга вели општината е отворена и транспарентна, но не може да одговара за претходната локална власт.
„Не можам да одговарам за претходната админстрација. Јас мислам дека комисиите за легализација свесно и одговорно ги вршат своите задачи и не можам тука да влијаам. За се што е противзаконито има обвнителство, има судство, нека дојдат нека проверат, за секоја грешка ќе има одговорност“, вели Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга.
Државниот завод за ревизија препорача Струга да започне со отстранување на бесправно изградените објекти, да го ажурира Регистарот на дивоградби и да обезбеди спроведување на законите за да спречи нелегално градење.
„Ние сме го прошетале целото крајбрежје со комисии, со комисијата за планот на УНЕСКО- не најдоа никаква грешка. Дојдете повторно заедно ќе го прошетаме целото крајбрежје каде ќе стават прст ова треба да се урива ќе го рушиме, ако нема соодветна документација“, додава Мерко.
Во последните години во Струга има само еден градежен инспектор, Државна ревизија побара од општината да обезбеди кадровско зајакнување на Секторот за инспекциски надзор.
Мерко најави дека ќе постапи согласно препораките на државните ревизори.
Соња Рилковска
