ВМРО-ДПМНЕ и денес на протести

09.06.2021 11:45

ВМРО-ДПМНЕ на протести ја бара содржината на документот што се преговара со официјална Софија. Обвинува дека се водат тајни преговори со Бугарија за решавање на билатералниот проблем.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес од 15 часот до 17 часот ќе протестира во 10 градови во земјава, под мотото „Доста е, Излези за Македонија, против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски“.

ВМРО-ДПМНЕ на протести ја бара содржината на документот што се преговара со официјална Софија.  Обвинува дека се водат тајни преговори со Бугарија за решавање на билатералниот проблем.

СДСМ реагира - Мицкоски со неговите сопартијци ги поткопуваат државните позции и напредокот на евроинтегративниот пат.