Двајца загинати, седум повредени во сообраќајна несреќа во Скопје
Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 23 часот на крстосницата помеѓу бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ во скопска Кисела Вода. Во сообраќајката учествувале пет возила...
Две лица на возраст од 28 и 50 години загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на крстосницата помеѓу бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ во скопска Кисела Вода. Во сообраќајката учествувале пет возила.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје- соопшти МВР.
Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С. а со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.
