Николовски: Наредбата на Бајден е порака за сите што ги блокираат процесите во државава

09.06.2021 12:58

Вицепремиерот укажа дека граѓаните дале поддршка на договорите од Преспа и Рамковниот, како основа за изградба на подемократско, побезбедно и поразвиено општество...

Стоиме зад одлуката на нашиот стратешки партнер САД, за мерките за нарушување на Преспанскиот и Охридскиот договор, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Укажа дека граѓаните дале поддршка на договорите од Преспа и Рамковниот, како основа за изградба на подемократско, побезбедно и поразвиено општество.

„Граѓаните на Република Северна Македонија цврсто се одлучија да застанат и зад Охридскиот и зад Преспанскиот договор и тоа се темелите на овој нов пат, на ова модерно општество трансформирано по европски терк со стабилни меѓуетнички односи, ориентирано кон напредок, развој, интеграции. Мислам дека ова е порака за сите оние коишто ги блокираат или сакаат да ги блокираат и кочат сите процеси во државата“, рече Николовски.