ВМРО-ДПМНЕ: Немаме поврзаност со Преспанскиот договор
09.06.2021 13:15
Ние сме легалисти и единствено тој начин ќе го почитуваме овој договор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски...

ВМРО –ДПМНЕ не учествуваше во подготовката на Преспанскиот договор ниту во неговата имплементација, но ние сме легалисти и единствено тој начин ќе го почитуваме овој договор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Би повикале администрацијата во Вашингтон да се позанимава и со фамилијата на власт и да согледаат кои членови на владата и на извршната власт може да се најдат на црната листа- изјави Милошоски.
