Поради пандемијата, околу 7.500 работници останале без работа

10.06.2021 14:24

Лани поради пандемијата, околу 7.500 работници останале без работа. Синдикатите, работодавачите и експертите согласни дека се потребни сигурни работни места за да се ублажи нарушувањето на економското опкружување. Мерките дадоа ефект, но потребни се намалување на сивата економија и трансформација на договорите од определено на неопределено време...

Социоекономската криза влијаеше на пазарот на труд. Пандемијата остави без работа околу 7.500 работници само во првата половина од 2020 година. Според изготвена студија на удар биле нископлатените работници, работниците со нестандардни договори.

И синдикатите и работодавачите согласни дека се потребни сигурни работни места за да се ублажи нарушувањето на економското опкружување. Посочуваат дека е потребно е да се работи на намалување на сивата економија. Договорите на определено да се трансформираат на неопределено време.

Според експертите, шесте пакети економски мерки дале ефекти и спречиле затворање на работни места, но предизвиците сѐ уште се присутни.

 

Дијана Ценевска