Образование

Крај на уште една пандемиска учебна година

10.06.2021 16:19

Основците и средношколците се распуштија. Означен крајот на уште една пандемиска учебна година. Како наставата ќе се одвива од септември, сѐ уште не се знае. Одлука најдоцна до август...

Втора година по ред на 10-ти јуни во училипшните дворови ја нема еуфоријата, радоста на учениците кои завршиле уште една учебна година. Поради протоколите и училишните дворови и училиштата останаа празни.

Учениците со носталгија раскажуваат како изгледал училишниот живот пред пандемијата, се надеваат од септември сѐ ќе биде како пред две години.

Директорката на средното ветеринарно училиште од Скопје раскажа дека во нивното училиште, поради малиот број ученици имало услови за следење на настава со физичко присуство, но поради голем број заболени, наставата се одвивала онлајн. Еднаш неделно имало практична настава.

Како ќе се одвива наставата наредната учебна година сѐ уште не се знае. Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека учебната година била проследена со многу пропусти.

Епидемиолошката состојба ќе влијае на одлуката на надлежните како ќе биде наставата од 1 семтември.

 

Наташа Јанчиќ Менковски