Битола

Како до одлука за вистинската професија?

10.06.2021 16:47

Оваа генерација матуранти е исправена пред предизвикот за кој факултет и за која професијата да се одлучат. Притисокот е голем, често се прават грешки. Совети од педагози и психолози...

Правилниот избор на факултет и професија е една од најсуштинските животни задачи. Колку матурантите посегнуваат вистински по она за што имаат афинитети или нивната возраст на рано полнелетство е недоволна самостојно да донесе одлука? Искуството кажува дека грешките се многу чести.

Според психолозите причините главно лежат во социоекономскиот аспект, влијанието и желбите на родителите преку детето да се исполни нивната неостварена лична желба, да продолжи семејната традиција како и состојбите на пазарот на тудот.

Тешко е кога ќе слушнете дека едно дете е одличен матемаатичар, а избира наобразба за друга дејност- велат педагозите. Вродената дарба е неуништива сметаат и психолозите. Таа вечно ќе ја надополнува професијата која не по ваша желба сте ја избрале.

Училишниот психолог Жаклина Ристевска, смета дека и државната статегија треба да се подигне на уште повисоко ниво. Свесна е дека искушението кај матурантите е големо, но нејзиниот психолошки совет е секој да си погледне во својата душа за полесно да излезе одлуката за идната професија, затоа што она што денес не е доходовно, утре може да биде дефицитарно.

Стевче Митревски