Заглавен изборот на двајца уставни судии
Власта и опозицијата во клинч за изборот на уставни судии. Секој во својот ров, никој не попушта. СДСМ обвинува за блокади на институциите, ВМРО-ДПМНЕ за поставување партиски кадри во македонското судство...

Сѐ уште е дигната рачна сопирачка за избор на двајца уставни судии. Власта и опозицијата во своите ровови, се обвинуваат меѓусебно. Социјалдемократите тврдат дека дека ВМРО– ДПМНЕ го блокира комплетирањето на институциите, а опозиционерите велат дека власта во Уставниот суд снестува сопствени докажани кадри. Првиот човек на Комисијата за избори и именувања, Костадин Костадинов негира дека имињата на кандидатите се веќе познати, бидејќи пријавите стигнуваат за време на седницата.
Процедурата не е таква, реплицира координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски. Претседателот на собраниската комисија закажува седница, а ние изнесуваме забелешки. И тој се согласува дека законот за избор на уставни судии не е добро составен, при тоа избегнувајќи да ги спомене двете имиња за кандидати на Уставен за кои ВМРО- ДПМНЕ негодува.
Засега останува комисиската расправа отворена. Дали партиите заткулисно ќе се договорат или местата во Уставен ќе останат празни уште извесен период, останува да се види.
Миле Ристески
