Економија

50 милиони евра за модернизација на земјоделството

11.06.2021 13:40

Презентиран проектот за модернизација на земјоделството во соработка со Светска банка, во вредност од 50 милиони евра и грејс период од четири години. Потребни се системски решенија за поквалитетно производство, велат од Владата. Земјоделството е двигател на растот, смета првиот човек на Светска банка за Македонија…

Со 50 милиони евра ќе се модернизира земјоделството во Македонија. Корист ќе имаат земјоделците, преработувачите, малопродажните ланци и потрошувачите, истакна министерот за земјоделство.

Во Скопје, полошкиот и кумановскиот регион ќе се градат откупно-дистрибутивни центри, современи суви магацини, ладилници со перформанси кои досега не постојат во нашата држава, како и посебен технички центар со станица за чистење и дезинфекција на камиони.

Надлежните велат- проектот е од исклучително значење за целокупната економија, бидејќи земјоделството во БДП учествува со околу 10 проценти.

Проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со Светската банка.

Наташа Јанчиќ Менковски