Пандемијата донесе промени на пазарот на труд
Пандемијата и кај нас и во светот донесе длабоки проблеми, но и промени во економијата, особено во пазарот на трудот. Оваа се смета за година на економско заживување, а на пазарот на трудот потреба од нов начин на работење и вештини. За сето тоа се потребни мерки...

Преобликување на работните односи, нов начин на работење, нов облик на економијата. Пандемијата предизвика тектонски поместувања на пазарот на трудот. Загубените работни места, дел треба да се надоместат со економско заживување, но сега станаа битни вештини кои не ги земаме предвид: работење на далечина, „онлајн“, таканаречен „фриленс“. Тоа бара и нови мерки, велат експертите.
„Тоа е основата на т.н. гик економија, што значи напуштање на традиционалниот облик на работни односи и една нова парадигма каде ваквиот начин на работење на далечина добива поголемо значење. Затоа треба да се направи и една целосна реформа на курикулумите како во средното стручно образование, така и во високото“, вели Димитар Николоски, експерт за пазар на трудот.
Пазарот на трудот ќе го придвижат враќањето на довербата кај потрошувачите, бизнисите, а и вложувањата. Потребни се монетарни и фискални мерки поради растот на цените.
За експертите е битно – да се следат промените на пазарот на трудот со новото, изменето време.
Елизабета Митреска
