Google ќе го снима Скопје и познатите туристички локации во земјава
24.03.2014 11:52
На тој начин, ако некој пребарува актуелни туристички места во земјава, ќе може локациите да ги види и во тродимензионално издание...

Гугл ќе прави снимки од Скопје и позначајните туристички места во земјава, за нивната платформа за виртуелни прошетки „стрит вју“ (street view), најави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
На тој начин, ако некој пребарува актуелни туристички места во земјава, ќе може локациите да ги види и во тродимензионално издание.
Како што најави министерот Ивановски, ќе се измапираат уличките од целата држава, а мапирањето ќе може да го прави секој граѓанин, бидејќи е од отворена платформа.
