Олеснето секојдневие за Столе по прилогот на МТВ
14.06.2021 11:05
Помагалата стигнаа на време, а Столе учебната година ја заврши со сите петки. Ќе му се оствари и сонот- ќе летува во Охрид следниот месец...

Осумнаесет годишниот Столе доби и лап топ и компјутер и своја работна соба, по емитувањето на прилогот на Македонската телевизија во кој прикажавме како живеат лицата со попреченост во пандемската година. Помагалата стигнаа на време, а Столе учебната година ја заврши со сите петки. Ќе му се оствари и сонот- ќе летува во Охрид следниот месец. Останува потешкиот дел, а тоа е поголема активност на институциите околу овие лица.
Катерина Топалова
