Свет

Џон Мекафи, творецот на антивирусната програма, пронајден мртов во затвор

24.06.2021 12:16

Шпанското министерство за правосудство во куса изјава соопшти дека се укажува оти станува збор за самоубиство.

75- годишниот Џон Мекафи, творец на познатата антивирусна софтверска програма е пронајден мртов во затвроска ќелија во Барселона.

Шпанското министерство за правосудство во куса изјава соопшти дека се укажува оти станува збор за самоубиство.

Американското правосудство го гонеше Мекафи за затајување данок. Веста за пронаоѓањето на телото стигна само неколку часа откако Шпанија одобри негова екстрадиција во САД, каде што му се закануваа 30 години затвор.

Мекафи беше уапсен минатата година во Шпанија и оттогаш се наоѓаше во затворот во близина на Барселона.