Филипче: За две недели сите кои се пријавиле ќе добијат термин за имунизација
Списокот на пријавни за вакцинација е ревидиран, и во наредните две седмици сите 140 илјади граѓани кои се пријавиле, ќе добијат термин за имунизација, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Списокот на пријавни за вакцинација е ревидиран, и во наредните две седмици сите 140 илјади граѓани кои се пријавиле, ќе добијат термин за имунизација, најави министерот за здравство Венко Филипче.
„Приоритет во доделувањето на термините ќе имаат повозрасните граѓани. Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, по системот највозрасни, па помлади граѓани, сите ќе добијат термин во период од следните две недели“, рече министерот Филипче.
Сто илјади Фајзерови вакцини кои стигнуваат денеска попладне ќе бидат распределени во осумте големи центри за имунизација, каде што има фрижидери за нивно чување.
Кинеските вакцини на „Синовак“ ќе ги има и во големите и во малите центри за имунизација.
Денеска беше презентирана американската донацијата на лабораторијата на Институтот за јавно здравје.
