Заев: Нема потреба од предвремени избори, позитивни сигнали од Брисел во декември
Премиерот е дециден - нема ништо проблематично во точките од доставениот предлог. Обврска на двете страни е побрза и поефикасна имплементација на Договорот за добрососедство...

Премиерот Зоран Заев смета дека поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ нема потреба од предвремени избори. Немаме територијалмни претензии кон соседите и е важно Бугарија да ја тргне блокадата, вели Заев.
Тој очекува позитивни сигнали од Брисел во декември. Дециден е- нема ништо проблематично во точките од доставениот предлог. Обврска на двете страни е побрза и поефикасна имплементација на Договорот за добрососедство.
За патоказот, премиерот Заев посочи дека во него на 18 страници се содржани буквално сите аспекти од соработката – инфраструктирата, економијата, спортот, киултура, онбразование, одбраната. Тој нагласи дека таквиот предлог за соработка во форма на патоказ бил сугерирано од португалската иницијатива, а Бугарија го прифати тоа.
Во самите точки нема ништо проблематично, секако обврската е на двете страни, не само на нашата, за побрза и поефикасна имплементација на Договорот за соработка, пријателстви и добрососедство. Тоа е всушност преземање на обврските… Овој документ беше даден во случај на „зелено светло“, затоа овојпат навистина сакаме да знаеме колку сме сериозни, и ние, но и Бугарија, рече Заев.
Премиерот најави дека ќе продолжат координациите и контактите на ниво на работни групи, и им посака на Бугарија и бугарскиот народ успешни избори кои ќе доведат до Парламент и Влада за, како што нагласи, да може да продолжат политичките контакти.
