Голем интерес за вакцинација во Битола
Регионалниот вакцинален пункт во Битола доби над 5.000 дози од „Синовак“. Интересот за вакцинирање е на високо ниво. Заедно со ревакцинацијата, дневно се очекуваат и до 2.000 имунизации. Според примена на прва доза, Битола е втора општина во земјава и трета според општата вакцинација...

Согласно со максималните можности за сместување синоќа во Битолскиот регионален пунк се примени нешто над пет илјади дози од вакцината „Синовак“. Нивнатото сефте се очекува деновиве. Засега факцинацијата тече со дозите на „Фајзер“ и ревакцинацијата согласно со типот на првата вакцина. Од Здравствениот дом велат дека со новата пратка дневно очекуваат и до две илјади боцкања затоа што долги се листите на граѓаните кој аплицирале за имунизација.
Не е изненадувачки ако се знае дека досега со 41.000 илјада вакцинирани лица од кои 40 проценти и ревакцирани, Битола со стотина дози помалку, е втора општина по примена прва доза и трета на државно ниво по општа вакцинација.
Граѓаните чија стеросна граница се спушти и до 22 години, велат добро знаат која е вистинската алатка за справивање со ковид мутациите.
И покрај подолгите колони како резултат на одличната организација, чекањето е во рамките на подносливото. Одговорните велат дека подготвени ќе ги дочекаат упатствата за агендата на теренската вакцинација бидејќи и во овој период кај изнемоштените и неподвижни лица се помага максимално.
Стевче Митревски
