Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе продолжи со хибридна настава и во наредната студиска година

30.06.2021 16:19

Хибридниот образовен систем е неминовност во времето кое доаѓа и ќе биде составен дел на едукацијата на универзитетите, а пандемијата само го забрза процесот - смета ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“. Студиската година на овој универзитет најверојатно ќе започне со делумна онлајн настава и со физичко присуство за практичниот дел и помалите групи...

Околу четири илјади матуранти имаат опција за студирање на некој од 15-те факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“. Електронската платформа се отвора утре, рокот на пријавување е до средината на септември до кога Универзитетот ќе прецизира на кој начин ќе се одвива наставата во претстојната студиска година

Околу 150 места има за странски студенти, кои се очекуваат во поголем број во студиската 2022-2023 година, за кога се подготвува настава на англиски јазик првично на Факултетот за општа медицина.

Најголем интерес и годинава од УГД очекуваат да има за Факултетот за медицински науки. Највисоко рангираните триста студенти ќе бидат ослободени од партиципација, а студирањето на катедрата за македонски јазик е целосно финансирана од универзитетот.

 

 

Славица Величковска