Политика

Пендаровски во официјална посета на Хрватска

30.06.2021 15:33

Заврши португалското претседавање, добро е, изјави во Загреб по средбата со претседателот Милановиќ, македонскиот шеф на државата Пендаровски. Вие сте Македонци, како што ние сме Хрвати, Германците- Германци дополни хрватскиот претседател...

Претседателот Стево Пендаровски е во официјална дводневна посета на Хрватска. Во Загреб Пендаровски беше пречекан со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се одржа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Евроинтегративниот процес на Македонија во фокусот на средбата меѓу двајцата претседатели. Хрватска ја повтори поддршката на овој пат. За да стигнеме таму, нема да бидат доволни само нашата волја и напори, порача Пендаровски.

Миле Ристески известува од Загреб...