Здравство

Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

01.07.2021 09:23

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови- соопштуваат од Министерството за здравство.

Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Министерот за здравство д-р Венко Филипче упатува неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари. Дека можеме да веруваме во чуда и некој да добие втора шанса за живот.

Благодарност до сите лекарски тимови кои се вклучени во оваа трансплантација. На пациентите им посакакуваме брзо закрепнување по операциите- вели министерот Филипче.

Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.